Копирање ваши слики или видео записи помеѓу телефонот и компјутерот
Направивте ли слики или снимивте видео записи со телефонот кои сакате да ги
гледате на компјутерот? Или сакате да ги копирате вашите слики или видео
записи од телефонот на компјутерот? Користете USB кабел за податоци за да
копирате слики и видеа помеѓу телефонот и компатибилниот компјутер.
1 Користете компатибилен USB кабел за податоци за да го поврзете Вашиот
телефон на компатибилен компјутер.
Ако копирате помеѓу мемориската картичка во Вашиот телефон и компјутер,
осигурете се дека мемориската картичка е вметната.
2 Отворете ја апликацијата Nokia Suite на Вашиот компјутер и следете ги
прикажаните упатства.