Вметнете мемориска картичка
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат
картичката и уредот или податоците зачувани на картичката.
10
За почеток
Чувајте ги сите мемориски картички подалеку од дофат на мали деца.
Вметнете ја мемориската картичка
1 За да го отстраните задниот поклопец на телефонот, притиснете го задниот
поклопец со прстите, излизгајте го поклопецот и подигнете го.
2 Отстранете ја батеријата, доколку е вметната.
3 За да го отклучите држачот на мемориската картичка, лизгајте го во насоката
назначена со стрелките на држачот. Подигнете го држачот.
За почеток
11
4 Вметнете ја мемориската картичка во држачот. Проверете дали областите за
контакт на картичката ќе бидат свртени надолу кога држачот на мемориската
картичка ќе се спушти.
5 Спуштете го држачот на мемориската картичка.
6 За да го заклучите држачот на мемориската картичка, лизгајте го држачот во
неговата оригинална положба.
Отстранете ја мемориската картичка
Важно: Не отстранувајте ја мемориската картичка кога некоја апликација ја
користи. На тој начин можете да ги оштетите картичката и уредот, и да ги
оштетите податоците што се зачувани на картичката.
1 Исклучете го телефонот.
2 Отстранете го задниот поклопец и батеријата.
3 Лизгајте и подигнете го држачот за мемориска картичка и отстранете ја
мемориската картичка.