
Вметнете ја SIM картичката
1 Исклучете го телефонот.
2 За да го отстраните задниот поклопец на телефонот, притиснете го задниот
поклопец со прстите и излизгајте го.
3 Отстранете ја батеријата, доколку е вметната.
4 За да го отклучите држачот на SIM картичката, лизгајте го во насоката
назначена со стрелките на држачот. Подигнете го држачот.
За почеток
9

5 Вметнете ја SIM картичката во држачот. Проверете дали областите за контакт
на картичката ќе бидат свртени надолу кога држачот на SIM картичката е
навален.
6 Навалете го држачот на SIM картичката.
7 За да го заклучите држачот на SIM картичката, лизгајте го држачот во
неговата оригинална положба.
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.