Nokia 500 - Инсталирање Nokia Suite на компјутерот

background image

Инсталирање Nokia Suite на компјутерот

Со апликацијата за компјутер Nokia Suite, можете да управувате со содржината

во телефонот и да ја одржувате синхронизирана со Вашиот компатибилен

компјутер. Исто така, можете да го ажурирате Вашиот телефон со најновиот

софтвер и да даунлоадирате мапи.

Можно е да биде потребна интернет конекција. За информации за трошоците за

податоци, контактирајте со мрежниот оператор на услуги.

Даунлоадирајте ја најновата верзија на Nokia Suite од www.nokia.com/support на

Вашиот компјутер.

Инсталирање на Nokia Suite користејќи го телефонот

1 Поврзете го телефонот со компјутерот со компатибилен USB кабел.

Ако користите Windows XP или Windows Vista на Вашиот компјутер, поставете

го USB режимот на Вашиот телефон на Mass storage. За да го поставите USB

Инсталирање Nokia Suite на компјутерот 19

background image

режимот на Вашиот телефон, лизгајте надолу од областа за известување, а

потоа одберете ја иконата

>

Mass storage

.

Масовната меморија на телефонот и мемориската картичка се прикажуваат

како отстранливи дискови на компјутерот.

2 На компјутерот, одберете Отвори папка за приказ на датотеки, а потоа

кликнете двапати на датотеката за инсталација на Nokia Suite.
Ако прозорецот за инсталација се отвори автоматски, одберете Инсталирај

Nokia Suite.

3 Следете ги прикажаните упатства на компјутерот.
4 Кога инсталирањето е завршено, ако на компјутерот користите Windows XP

или Windows Vista, проверете дали USB режимот на телефонот е Nokia Ovi

Suite.

За да дознаете повеќе за Nokia Suite и за да проверите со кои оперативни системи

работи Nokia Suite, одете на www.nokia.com/support.