Nokia 500 - Зачувување на податоците за локација на Вашите слики и видео записи

background image

Зачувување на податоците за локација на Вашите слики и видео записи
Ако некогаш не можете да се сетите каде точно сте снимиле некоја слика или

видео запис додека сте пешачеле или сте патувале, можете да го поставите

Вашиот телефон да ја зачувува локацијата автоматски.

Одберете >

Camera

.

Податоци за локација може да се додадат на некоја фотографија или видео запис,

ако Вашата локација може да се определи користејќи GPS или мрежни методи.

Ако споделувате фотографија или видео запис што содржи податоци за локација,

тие податоци може да ги видат оние коишто ја гледаат фотографијата или видео

записот. Додавањето гео-ознаки можете да го исклучите во прилагодувањата на

камерата.

Активирање на функцијата за зачувување на локацијата
Одберете ја

> >

Save location info

>

Yes

.

Може да потрае неколку минути за да се добијат координатите на Вашата

локација.

На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да влијаат Вашата локација,

положбата на сателитите, зградите, природните пречки, временските услови и

прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите

Американски Држави. GPS сигналите можат да бидат недостапни во

внатрешноста на згради или под земја.

Не користете GPS за прецизни мерења на локации и никогаш не потпирајте се

исклучиво на податоците за локацијата обезбедени од GPS и мобилните мрежи.

Индикатори за информација за локација:

— Информацијата за локацијата не е достапна. Податоците за локација може

да не бидат зачувани на сликите или видео записите.

— Информации за локација не се достапни. Податоците за локација се зачувани

на сликите или видео записите.

66

Камера