Nokia 500 - За Bluetooth конективноста

background image

За Bluetooth конективноста

Одберете >

Settings

>

Connectivity

>

Bluetooth

.

Можете да се поврзете безжично со други компатибилни уреди, како телефони,

компјутери, слушалки и сетови за во автомобил.

Можете да ја користите конекцијата за да испраќате објекти од Вашиот телефон,

да копирате датотеки од Вашиот компатибилен компјутер и да печатите датотеки

со компатибилен печатач.

Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија комуницираат користејќи

радио бранови, тие не мора да бидат во директна линиска врска. Како и да е, тие

мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33 стапки) еден од друг, иако

конекцијата може да биде попречена од некои пречки како што се ѕидови или

други електронски уреди.

Кога телефонот е заклучен, можни се само конекции со овластени уреди.

Совет: Исто така можете да ја уредувате Вашата Bluetooth конективност во статус

менито. За да го отворите статус менито, лизгајте надолу од областа за

известување, а потоа одберете

Bluetooth

. Ако Bluetooth не е прикажано,

одберете ја иконата .