
VPN конекции
Одберете >
Settings
и
Connectivity
>
Settings
>
VPN
.
Потребна Ви е конекција со виртуелна приватна мрежа (VPN) за да, на пример,
пребарувате низ внатрешната мрежа на Вашата компанија или далечински да
пристапите до Вашите работни е-mail пораки.
Конективност 117

Правилата за VPN дефинираат како податоците се шифрирани и како Вашата
компанија ја докажува веродостојноста на Вашиот уред. За да ги конфигурирате
VPN клиентот, сертификатите и политиките, контактирајте со IT одделот на
Вашата компанија. Откако ќе инсталирате правило, методот за VPN конекција е
автоматски додаден во дестинација за внатрешната мрежа.
Повеќе информации побарајте во делот за мобилна VPN на www.nokia.com/
support.
Важно: Постоењето на сертификат значително ги намалува ризиците во врска
со далечинските конекции и инсталацијата на софтверот. За да се има корист од
зголемената безбедност, сертификатите мора да се користат правилно и тие
мора да бидат точни, автентични или поверливи. Сертификатите имаат
ограничено траење. Ако се истечени или невалидни, проверете дали тековниот
датум и час во Вашиот уред е точен.
Пред менување на прилагодувањата на сертификатот, морате да бидете сигурни
дека навистина му верувате на сопственикот на сертификатот и дека
сертификатот навистина припаѓа на наведениот сопственик.