Поставување на телефонот да се заклучува автоматски
Сакате да го заштитите Вашиот телефон од неовластена употреба? Создадете
безбедносен код и поставете го телефонот да се заклучува автоматски кога не го
користите.
1 Одберете >
Settings
>
Phone
>
Phone management
и
Security settings
>
Phone and SIM card
.
2 Одберете
Security code
, а потоа напишете го кодот за безбедност. Потребни
се најмалку 4 знаци, а може да се употребуваат броеви, симболи, големи и
мали букви.
Безбедносниот код чувајте го во тајност и на безбедно место подалеку од
Вашиот телефон. Ако го заборавите безбедносниот код и Вашиот телефон е
заклучен, телефонот морате да го однесете на сервис. Можат да се применат
дополнителни трошоци и можно е сите лични податоци во Вашиот телефон
да бидат избришани. За повеќе информации, контактирајте со Nokia Care или
со продавачот на телефонот.
112 Управување со телефон
3 Одберете
Phone autolock period
>
User defined
и поставете ја должината на
времето по кое телефонот ќе се заклучи автоматски.
Рачно заклучување на телефонот
Во почетниот екран, притиснете го копчето за вклучување
, одберете
Lock
phone
, а потоа напишете го безбедносниот код.
Отклучување на телефонот
Притиснете го копчето за заклучување, впишете го безбедносниот код, а потоа
одберете
OK
.
Ако копчето за заклучување е недостапно, притиснете го копчето за мени, а потоа
одберете
Unlock
.